вторник, 22 октомври 2024

Историја на НБА драфтот: Франција го има првиот, вториот и шестиот пик!

Атланта го одбра Закари Ризаше како прв пик на драфтот во НБА, уште еден Французин, Алекс Сар заврши како втор пик од Вашингтон, а Рид Шепард како трет пик беше одбран од Хјустон.

Објавено на

часот

Сподели

Историска вечер на НБА драфтот, за прв пат на првите две места се избрани двајца Европејци откако дури тројца кошаркари од Франција се најдоа во најдобрите десет.

Атланта како прв пик го одбра Закари Ризаше, а неговиот сонародник Алекс Сар завши како втор пик во Вашингтон.

Тиџан Салаун беше шести пик, и тој ќе го носи дресот на Шарлот.

Рид Шепард му припадна на Хјусон како трети пик, Стефон Касл како четврти пик беше одбран од Сан Антонио, а Детроит како петти пик го одбра Игнајт Рон Холанд.

Помеѓу најдобрите 10 уште се најдоа и Донован Клинган, Роб Дилингем, Зек Еди и Коди Вилијамс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ