четврток, 25 јули 2024

Пристигна потврда за џентлменскиот потег на Перез, Реал го купи Хоселу и веднаш ќе го продаде во Катар

Реал Мадрид ја искористи опцијата да го купи Хоселу за 1,5 милиони евра од Еспањол, но нема да го задржи и веднаш за истата сума ќе го продаде на Ал Гарафа од Катар.

Објавено на

часот

Сподели

Хоселу ги дочека своите 5 минутни животна слава кога влезе од клупата против Баерн Минхен на реваншот во полуфиналето во Лигата на шампиони, и со два гола ги однесе „кралевите“ во финале, каде подоцна беше освоена титулата број 15.

Но и покрај тоа што имаше понуда да продолжи да го носи белиот дрес, напаѓачот реши да замине од „Бернабеу“ и да се пресели во Катар.

Како благодарност за тоа што го правеше изминативе 12 месеци, Флорентино Перез направи џентлменски потег.

Ал Гарафа и Еспањол никако не успеваа да пронајдат заеднички јазик, па за да се поедностави работата, Реал Мадрид денеска ја активираше опцијата во целост да го купи Хоселу за 1,5 милиони евра.

„Кралевите“ сега за оваа сума ќе го продадат напаѓачот на Ал Гарафа и целиот трансфер ќе биде комплетиран во скоро време.

Се верува дека Хоселу ќе заработува околу 8,5 милиони евра по сезона во Катар, сума која нема шанси да ја заработува во Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ