вторник, 22 октомври 2024

Во вооружен напад во Брисел двајца загинаа, двајца се тешко ранети

Две лица се застрелани, две тешко ранети синоќа во населба во близина на јужната железничка станица во Брисел, соопшти портпаролот на полицијата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Истрели биле испукани ноќеска по полноќ „околу кафуле“ во бриселската општина Сен Жил, изјави истиот извор. Лицето или лицата осомничени за нападот се во бегство.

Во нападот се ранети три лица, од кои две се во тешка состојба, додека состојбата на третото лице е стабилизирана, изјави портпаролот на полицијата.

Општината Сен Жил беше идентификувана од властите годинава како едно од жариштата за шверц на дрога во Брисел, меѓу вкупно 15 такви места од 19 општини во белгискиот главен град.

Меѓутоа, полицијата засега не го поврзува инцидентот со дрога.

Обвинителството за тоа ќе проговори во текот на денешниот ден, изјави портпаролот на полицијата.

Агенцијата Франс прес наведува дека во последните неколку години, Белгија бележи пораст на вооружено насилство поврзано со ривалството меѓу дилерите на дрога.

Вооружени судири на улиците се случуваат во Брисел и Антверпен, чие пристаниште стана главна точка каде нелегалниот кокаин од Јужна Америка влегува во Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ