сабота, 27 април 2024

Нов трипл-дабл на Јокиќ, Денвер го победи Њујорк (ВИДЕО)

Никола Јокиќ и Мајкл Портер му донесоа победа на Денвер над Њујорк од 113-100, одлична партија имаше и Дончиќ во триумфот на Далас над Јута од 113-97.

Објавено на

часот

Сподели

Првото полувреме од мечот меѓу Денвер и Њујорк беше неизвесно, двете екипи се менуваа во водство, шампионот додаде гас во вториот дел, се одлепи на двоцифрена предност и ја задржа до крајот за конечни 113-100.

Никола Јокиќ постигна 30 поени, имаше 14 скокови и 11 асистенции, Портер реализираше 31 поен. Најдобар во составот на Њујорк беше Брансон со 26 поени.

Лука Дончиќ постигна 34 поени, имаше девет скока и осум асистенции во победата на Далас над Јута од 113-97.

Резултати:
Орландо – Њу Орлеанс 121-106
Вашингтон – Сакраменто 109-102
Хјустон – Чикаго 127-117
Милвоки – Бруклин 115-108
Далас – Јута 113-97
Денвер – Њујорк 113-100
Феникс – Атланта 128-115

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ