понеделник, 13 мај 2024

Вест Хем му зема два бода на Ливерпул, се топат шансите за титулата (ВИДЕО)

Ливерпул ги губи шансите за титулата во Премиерлигата, денеска одигра само 2-2 на гостувањето кај Вест Хем.

Објавено на

часот

Сподели

Испраќањето на Јирген Клоп е далеку од идеално, Ливерпул падна во формата во најважниот период од сезоната. Црвените денеска загубија уште два бода.

Вест Хем поведе пред крајот на првиот дел со гол на Боуен, по три минути игра Робертсон израмни на 1-1, а во 65. минута Ареола си постигна автогол за комплетен пресврт и водство на Ливерпул од 2-1.

Во 77. минута Антонио изедначи на 2-2, што беше и конечен резултат на мечот.

На последните пет меча во Премиерлигата, Ливерпул има само една победа, па може да се каже дека веќе и немаат шанси за титулата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ