понеделник, 13 мај 2024

Пахор подготвува предлог за дијалог меѓу Белград и Приштина

Поранешниот претседател на Словенија, Борут Пахор, денеска најави дека подготвува нацрт за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина, кој, како што наведе, сака прво да се координира со високиот комесар за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жозеп Борел.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Поранешниот претседател Пахор подготвува нацрт и рамка за продолжување на дијалогот, но тој сака прво да го координира со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и со земјите-членки на ЕУ, особено со земјите од Квинта“, според неговиот профил на платформата Икс.

Се додава дека Пахор нема да одговара на новинарските прашања и барања за интервјуа што ги добива во пресрет на улогата на кандидат за специјален претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина и други регионални прашања.

Поранешниот претседател на Словенија на крајот на меѓународната конференција „Пријатели на Западен Балкан“ што ја организираше на 18 и 19 април во Љубљана, на која присуствуваше и Мирослав Лајчак, повтори дека сака да се кандидира за функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина.

Лајчак ќе остане на таа функција до септември, кога ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ