недела, 12 мај 2024

Зеленски: Светот има можност да помогне во соборувањето на секоја руска ракета

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека светот има можност да помогне во соборувањето на секоја ракета и секое беспилотно летало на руските сили.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Триесет и четири руски ракети оваа ноќ. Дел од нив беа соборени. Но, светот има можност да помогне во соборувањето на секоја ракета и секое беспилотно летало на руските терористи. Ова е апсолутно реално. Единствено што е потребно е неопходните политички одлуки и договори да станат реалност“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Според него, тоа се системи за противвоздушна одбрана за Украина, доволно количество и квалитет на оружје за фронтот, како и ажурност во снабдувањето и определување на дејствијата.

„Теророт секогаш мора да губи и секој што ни помага да се спротивставиме на рускиот терор е вистински бранител на животот“, истакна Зеленски.

Тој повтори дека Украина е благодарна на Соединетите Американски Држави и другите партнери за нивната поддршка.

Руските сили синоќа извршија комбиниран напад врз Украина со ракети од различен тип. Од 34 лансирани ракети украинската воздушна одбрана уништи 21 ракета.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ