Денеска од 8 до 16 часот ќе биде обезбедувана велосипедска трка поради што ќе биде во прекин сообраќајот на регионалниот пат граничен премин Пелинце на потегот од раскрсницата за село Драгоманце до Меморијалниот центар АСНОМ во село Пелинце.
Од 8 до 17 часот ќе биде обезбедувана друга велосипедска трка при што ќе биде запрен сообраќајот на патот во сел. Добршане на регионалниот пат за Свети Николе до местото викано Студена Вода.
Повремено затворање на регионалниот пат Куманово – граничен премин Пелинце е планирано и за наредните три дена.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.






