Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност, посочуваат од општината.
Нагласуваат дека продолжуваат со засилени инспекциски контроли и оти нема да дозволат уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.

„Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции“, велат од локалната самоуправа.






