Генералното собрание на Обединети нации вечерва со мнозинство гласови усвои резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. Резолуцијата е усвоена со 120 гласа ЗА, против беа 14 земји, меѓу кои Израел и САД, а 45 се воздржаа при гласањето.
Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа за резолуцијата, Хрватска беше против, додека Србија, Албанија, Македонија, Бугарија и Грција биле воздржани.
Во резолуцијата, на предлог на Јордан, а во името на арапските држави, се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади.
Резолуцијата нема обврзувачки карактер, но затоа има политичка тежина.