сабота, 16 ноември 2024

Ковачевски вели дека за изборите веќе има работна група, ВМРО-ДПМНЕ не учествува во таа

Во Министерството за правда веќе постои работна група каде сите политички партии имаат делегирано свои претставници, освен ВМРО-ДПМНЕ. Како што е според законот и процедурата. Ги поттикнувам да делегираат свој претставник бидејќи не може една или две партии да одлучуваат за процес во кој учествуваат 30 и повеќе политички партии, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека нивната одкука да не учествуваат во таа работна група во Министерството за правда е од пред неколку месеци и нема зошто премиерот сега да се навраќа на тоа.

Објавено на

часот

Сподели

Нашиот став е принципиелен, вели во изјавата за МКД.мк потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

„Ние не учествуваме во таа работна група затоа што форматот на таа работна група не е соодветен. Се знае што е соодветен формат. Не може ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија да има еднаков глас колку и некоја невладина организација, се сета почит“, вели Николоски.

Ковачевски потврди дека вчера имал средби со претседателите на четири политички партии, кои се дел од владината коалиција, меѓу кои и со Али Ахмети лидерот на ДУИ, а темата им била датумот за изборите во 2024 година.

„Работната група треба во законот финално да ги усогласи препораките на ОБСЕ и ОДИХР, а треба да се разговара и за точниот датум за одржување на изборите во 2024 година. Изборите се распишуваат согласно закон и согласно Уставот и мандатот на избраните функционери. Тука пред сѐ мислам на претседателот на државата и на пратениците и нормално во рамките на законските рокови може да се разговара за финеси, во однос на тајмингот. Сѐ друго е одржување на вонинституционални средби“, рече Ковачевски.

Останува отворено прашањето дали воопшто власта и опозицијата во наредниот период воопшто ќе успеат да се координираат и да се договорат за датумите на претседателските и парламентарните избори за наредната година.

                                                                                                                                                                      А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ