сабота, 6 јули 2024

Кај Групчин се преврте „бетоњерка“

Поради превртување на товарно возило, камион со пумпа за бетон, на автопатот Скопје-Тетово од 19:45 часот сообраќајот на патниот правец е во прекин и се пренасочувал кон регионалниот пат помеѓу двата града. Возачот на каминот се здобил со полесни повреди во сообраќајната незгода се случила на автопатот во близина на селото Групчин.

Објавено на

часот

Сподели

Товарно моторно возило „МАН“ со тетовски регистерски таблици управувано од Ш.С.(46) од Тетово, изгубил контрола и излетал од коловозот. Телесни повреди добил возачот Ш.С. констатирани во Клиничка болница Тетово. Поради доведување во возна состојба на возилото за краток период сообраќајот бил пренасочуван преку регионален пат, информираат од СВР Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ