сабота, 16 ноември 2024

Инженерите апелираат Чебрен да биде македонска инвестиција, а со ХЕЦ Тиквеш да располага државата

Чебрен да биде изграден како македонска инвестиција, а со ХЕЦ Тиквеш и со водите на реката Црна да располага нашата држава, затоа што тоа е македонско природно богатство, соопштуваат од Здружението на инженери на Македонија.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението на здружението на македонските инженери се вели дека тие се оградуваат од секакво партиско вмешување на оваа тема и потсетуваат дека сите најголеми политички партии, и позициски и опозициски, имаат идентична програмска определба дека Чебрен треба да се изгради по пат на јавно-приватно партнерство при што државниот влог во тоа партнерство е ХЕЦ Тиквеш. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ