сабота, 27 април 2024

Интервентен центар за времено згрижување жртви на семејно насилство во Кавадарци

Во завршна фаза е проектот за Интервентен центар за привремено згрижување на жртви на семејно насилство, жртви на елементарни непогоди и лица со социјален ризик во Кавадарци. Во увид на терен денеска беше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Станува збор за реконструкција и пренамена на постојан објект, од социјален карактер, што вклучува шест апартмани.

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 6.322,282,77 денари со вклучен ддв од кои 3.376.361,00 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и учество на Општина Кавадарци со износ од 2.945.921,77 денари“, појасни градоначалникот.

Тој упати благодарност до ОБСЕ и другите донатори за опремување на објектот.

Задоволство од реализацијата на проектот изрази и Благица Коцева – Тодорова, претседателка на Здружението за родова еднаквост Визија, во чии рамки е Центарот.

„Сакам да ја изразам најпрво мојата благодарност до Општина Кавадарци која ја препознава нашата мисија и визија. Благодарност и за нивната неизмерна поддршка и ангажман за првиот регионален советувалиштен центар во нашата држава, а сега и Интервентен центар за згрижување на жртвите на семејно и родово базирано насилство, како и за сите други маргинализирани граѓани од ранливи категории“, рече Коцева – Тодорова.

Таа додаде дека овој интервентен центар, заедно со веќе постоечкиот регионален советувалиштен центар, се алка која претставува значаен чекор напред во обезбедувањето на сигурно место за жртвите на семејно и родово базирано насилство. Тие сега имаат место каде што можат да ја добијат неопходната помош, поддршка и закрила, како и да го започнат процесот на опоравување и излезот од тешката ситуација во која се наоѓаат.

„Исто така, би сакала да искажам  благодарност и до Мисијата на ОБСЕ во Македонија за дадената финансиска поддршка во делот на опремувањето на центарот, како и до сите останати поддржувачи од бизнис заедницата во нашата општина кои придонесоа во реализацијата на овој проект“, рече Коцева – Тодорова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ