сабота, 16 ноември 2024

ЕУ на МВР му обезбеди објект и форензичка лабораторија, Спасовски вели, најсовремена на Балканот (ФОТО)

Денеска во МВР свечено беше пуштен во употреба нов објект на Одделот за форензички испитувања, капитален проект со ИПА средства од пристапната помош на Европската Унија. Евроамбасадорот Дејвид Гир изјави дека тоа претставува помош од ЕУ за полициските реформи во периодот на пристапни преговори на земјава, нагласувајќи дека е и тоа дел од важното поглавје – владеење на правото. Според министерот Оливер Спасовски, тоа е најсовремената и најголема лабораторија на Балканот.

Објавено на

часот

Сподели

Гир во своето обраќање рече дека ЕУ постави минимални стандарди за форензичките практики во сите земји-членки, стандарди кои се очекува да бидат имплементирани и од идните членки.

с
 
„Овој проект има за цел да го постигне токму тоа. ЕУ обезбеди специјализирана форензичка опрема и ја финансираше изградбата на зградата во која е сместен овој Оддел, во вредност од 3,6 милиони евра. Овој проект е само дел од големата помош на ЕУ за полициските реформи. Што е една од најпредизвикувачките задачи што една влада може да ги преземе на патот кон интеграцијата во ЕУ? И тоа е дел од реформата на владеењето на правото – напредокот на кој ќе го одреди темпото на пристапување”, истакна амбасадорот Гир.

д

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во тек на долгогодишниот развоен процес, македонските форензички лаборатории постојано се модернизираат, а се имплементираат и меѓународни стандарди од областа на форензичкото работење.

„Вреди да се напомене дека Одделот за форензички испитувања е акредитиран согласнос барањата на меѓународниот стандард ISO 17025 за компетентно, непристрасно и доследно работење на лабораториите. Паралелно со опремувањето на форензичките лаборатории со современа опрема, зголеменото потпирање на научни докази бараше и соодветни просторни капацитети за целосно практично ефектуирање на надлежностите на лабораториите. Тоа е диктирано и од зголемување на обемот на работа во лабораториите, а во исто време и од воведувањето лабораториски операции кои се со зголемена сензитивност и прецизност”, рече министерот Спасовски.

с

Притоа министерот нагласи дека објектот е изграден со средства од ЕУ.

„Целта на овој проект беше изградба на нова зграда за потребите на Одделот за форензички испитувања, со потребните лаборатории, опремени со електронска контрола на пристап, специјални огноотпорни врати, аларми и апарати за гаснење пожар, видео надзор, заштитени прозорци, соодветен систем за вентилација, како и соодветни простории за складирање. Со новите простории се обезбедува доволен простор за складирање, третирање, обработка и архивирање на докази, што ќе овозможи правилно спроведување на оперативните процедури и системите за контрола во согласност со веќе дадените препораки, со што се утврдуваат основите за акредитација на лабораторијата според стандардите на ЕУ”, истакна Спасовски изразувајќи благодараност до ЕУ за помошта.

џ

„На мое огромно задоволство денеска можам да кажам дека ја добивме најголемата и најсовремена форензичка лабораторија на Балканот. Овој влог е директна потврда за поддршката која ја имаме во пристапните преговори, што претставува дополнителен мотив цврсто да опстоиме на нашите интенции за интеграција во Европската Унија”, рече министерот Спасовски, посакувајќи успех на вработените во Одделот за форензички испитувања го секојдневното работење.

Свое обраќање на настанот имаше и премиерот Димитар Ковачевски.

д

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ