сабота, 16 ноември 2024

ЕУ ќе ги поддржува реформите на земјите кандидатки, заклучок на Самитот во Брисел

Европската Унија ќе продолжи да соработува со земјите од Западниот Балкан, како и со Украина, Молдавија и Грузија и ќе ги поддржува нивните реформски напори на патот во приближување кон блокот, се наведува во заклучоците од дводневниот Самит на ЕУ што заврши попладнево во Брисел. Во однос на регионот, лидерите на ЕУ изразија и длабоко загриженост за безбедносната ситуација на северот на Косово, најостро осудувајќи го „насилниот напад“ врз косовската полиција на 24 септември 2023 година. 

Објавено на

часот

Сподели

Европската унија очекува сторителите да бидат уапсени и брзо изведени пред лицето на правдата, а Србија целосно да соработува и да ги преземе сите неопходни чекори во овој поглед. Косово и Србија мора да продолжат со постојани напори за деескалација, како и да обезбедат одржување на нови избори на северот на Косово што е можно поскоро, со активно учество на косовските Срби. Неуспехот за деескалација на тензиите ќе има последици, се порачува во заклучоците. 

Европскиот совет, како што јави дописникот на МИА од Брисел, изразува жалење и поради недостигот на имплементација на досегашните договори од двете страни и ги повикува Косово и Србија да ги спроведат без одлагање или предуслови, вклучително и формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство.  

Во заклучоците од Самитот сепак доминираат одлуките поврзани со војните во Украина и на Блискиот Исток, како и состојбата со мигрантите и другите светски кризи и состојби, а аспирациите на земјите од Западниот Балкан се всушност само накусо споменати.

                                                                          Фото: Еуропа.еу

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ