сабота, 18 мај 2024

Османи: Постојан сојуз со НАТО и САД, да се осуди путинистичката политика

Баналната реторика на македонскиот опозициски блок за наводното отфрлање на настаните од 2001 година, не е ништо друго освен залуден обид да се намали вистинската сила на Албанците наредени во неспорниот победнички блок – Европскиот фронт, изјави денеска Бујар Османи, кој денеска учествуваше на трибината на Европскиот фронт на тема „Исклучувачки национализам во мултиетничките држави”.

Објавено на

часот

Сподели

„На идните генерации не им треба мрачното минато, туку светлата европска иднина, во постојан сојуз со НАТО и САД”, рече Османи и повика еднаш засекогаш да се осуди мрачната и безнадежна путинистичка политика.
„Кампањата за претседателски и парламентарни избори на Европскиот фронт е најпозитивната и најпрогресивната кампања од сите политички опции во земјава досега”, рече Османи и додаде дека јасната програма со конкретни развојни проекти, како и конкретниот преглед на европскиот пат на Македонија за полноправно членство во ЕУ до 2030 година, се главните столбови на опцијата на коалицијата предводена од ДУИ која на 24 април доби плебисцитна поддршка кај Албанците и другите заедници и која ќе се заокружи на 8 мај.
Дебатата беше поткрепена со излагањата и на професорката д-р. Арта Билали, д-р Башким Селмани и Даут Даути, писател и публицист.
Панелистите во своите излагања ги истакнаа негативните ефекти од подгревањето на национализмот и владеењето на нееднаквоста во општеството, односно ја истакнаа потрбата за вистинска еднаквост меѓу Албанците, Македонците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите други граѓани без разлика на нивната етничка или верска припадност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ