сабота, 27 јули 2024

Франција го обвинува Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Франција го обвини Азербејџан дека поттикнува немири на нејзиниот пацифички остров Нова Каледонија, преплавувајќи ги социјалните мрежи со невистинити фотографии и видеа насочени против француската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Француската единица за откривање дезинформации на интернет Вигинум, формирана како одговор на руските активности во Африка, денеска објави извештај во кој се идентификувани азербејџанските профили на социјалните мрежи како оние кои шират антифранцуска пропаганда.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин за прв упати обвиненија против Азербејџан во четвртокот, но не презентираше докази.

Министерството за надворешни работи на Азербејџан брзо ги отфрли, како што рече, навредливите обвиненија и во петокот повтори дека не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

„Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја“, рече портпаролот на министерството за надворешни работи Ајхан Хаџиев.

Вигинум објави дека кампањата вклучувала монтажа на слика на која се прикажани мртви демонстранти за независност покрај белец во позиција за пукање, со натпис „француските полицајци се убијци“. Се вели дека најмалку 86 објави на платформата Икс ги објавиле профили кои наводно се поврзани со владејачката партија ЈАП во Азербејџан.

Азербејџан реагираше луто на француската воена поддршка за Ерменија, република во Јужен Кавказ со која водеа две војни во последните три децении. Франција, која има голема етничка ерменска заедница, беше наклонета кон Ерменија и ѝ обезбеди воена опрема.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ