сабота, 27 јули 2024

Џамбо Агушеви направија фуриозна атмосфера на концерт во Тирана

Оркестарот Џамбо Агушеви во Тирана имаше настап пред многубројна публика која беше воодушевена од нивната музика, од ритамот и супериорната техника и виртуозност. Нивниот настап беше во организација на македонскиот Културно информативен центар во Тирана, заедно со познатиот тирански фестивал ,,Clouds,, под водство на директорката Едит Пула.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој фестивал се одржува секоја година. Овојпат, простор кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место со публика. Агушеви настапија супериорно, величествено убаво, свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејки мрежа од прекрасни мелодии. Публиката стануваше, играше во транс, дел од нив се качуваа на сцена играјки заедно со нашите музичари.

По двочасовен фуриозен настап, публиката не сакаше да замине и музичарите се вракаа неколкупати на бис. Веднаш по настапот, Џамбо Агушеви, отпатуваа на концерт во Бугарија.

Македонскиот културно информативен центар во Тирана, најавува уште еден настан. На 23 мај во Тирана ке настапат Добрила и Дориан дуо“, се вели во соопштението на Македонскиот центар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ