сабота, 27 јули 2024

Посебен сообраќаен режим утре по сообраќајници што водат кон Водно

Утре со почеток во 09.45 часот, поради одржување на спортско-рекреативен настан „Прв до врв“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по трасата по која ќе се движат натпреварувачите на велосипедската трка, и тоа: со почеток пред Музеј на град Скопје – ул.Св.Кирил и Методиј, потоа лево по бул.Св.Климент Охридски, во продолжение право по бул.Мајка Тереза, лево по ул.Тодор Александров, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно (Милениумски крст).

Објавено на

часот

Сподели

 Трасата на движење на планинарите е: со почеток во 10.00 часот од пред ОУ„Кочо Рацин“ на бул.Мајка Тереза, право по ул.Тодор Александров и кај ул.Салвадор Аљенде десно, по планинската патека кон Средно Водно, а од Средно Водно кон Врв на Водно (Милениумски крст).

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.   

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ