сабота, 27 јули 2024

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродром во Минхен (ВИДЕО)

Германската полиција уапси осум климатски активисти кои упаднаа на аеродром во Минхен, поради што накратко е затворен и се откажани околу 60 летови.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Шест климатски активисти се пробија и се залепија на пистата со лепак, изјави портпаролот на полицијата, додавајќи дека ситуацијата сега е под контрола и дека двете аеродромски писти се отворени за слетување и полетување.

Овој упад на пистата доаѓа за време на еден од најпрометните празнични периоди за овој аеродром во јужна Германија.

Климатската група „Последна генерација“, која одржа слични протести во минатото, рече дека е одговорна за акцијата во серија објави на Платформа Икс на кои се прикажани нејзините членови на пистата со протестни транспаренти.

„Вкупно шест лица седат во две групи на различни локации на аеродромот во Минхен“, се вели во објавата.

На еден од транспарентите пишува: „Проблемот е владата, а не нашиот празник“.

Портпаролот на аеродромот изјави дека аеродромот бил целосно затворен за полетувања и слетувања речиси два часа.

Единаесет летови се пренасочени, околу 60 се откажани, а сè уште се можни задоцнувања, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ