сабота, 27 јули 2024

Макета на тоалет кај фонтаната „Лотус“ во Скопје, уметничка герила акција

Кај фонтаната „Лотус” во Градски парк утрово е поставена макета – конструкција на јавен тоалет. Се работи за герила акција на уметникот Озбек Ајваз која треба да укаже на проблемот со јавните тоалети во градот.

Објавено на

часот

Сподели

Делото на Ајваз е направено во соработка со архитектката Натали Велеска. Со ова последна акција, Ајваз и Велеска скааат да прикажат предлог решение за тоалет кој би бил изведен од метална конструкција, обложен со дрвени панели. Неговите димензии би биле минимални, 150 X 250 X 250 сантиметри, за што поекономично производство и натамошно одржување.

Според макетата, би имало можност на кровот од тоалетот да се постават соларни панели, но и да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот, а би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

Од страната на макетата е прикажана мапа на Скопје, со означени локации каде би биле неопходни највеќе тоалети за главниот град и општините.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ