сабота, 27 јули 2024

Зеленски: Го одбив предлогот на Макрон, му реков не веруваме во тоа

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот во интервју за Франс прес изјави дека ја отфрла идејата за примирје во војната со Русија за време на Олимписките игри во Париз, за ​​што францускиот претседател Емануел Макрон изрази желба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Реков: Емануел, ние не веруваме во тоа. Да замислиме за момент дека има примирје. Прво, не му веруваме на (Владимир) Путин. Второ, тој нема да ги повлече своите војници. Трето, (…) кажи ми, Емануел, реков, кој гарантира дека Русија нема да го искористи ова за да ги донесе своите трупи на наша територија“, рече Зеленски.

„Ние не сме против примирје, ние не сме против крај на војната. Но, сакаме праведен крај на оваа војна. Ние сме против примирје што ќе му користи на непријателот“, додаде тој.

Неколку часа претходно, рускиот претседател, кој отпатува во Кина, имплицираше дека се спротивставува на олимпиското примирје затоа што на неговата земја ѝ беше забранет пристап до Олимпијадата поради инвазијата на Украина.

Макрон рече дека сака да „направи сè“ за време на Олимписките игри да владее олимписко примирје во целиот свет. Тој рече дека претседателот Си Џинпинг му дал поддршка на почетокот на мај.

Си и Путин, кои се состанаа во Пекинг во четвртокот, како се чини, не разговарале за ова прашање.

Во интервју за АФП, Зеленски исто така рече дека Русија нема средства да изврши нов голем напад врз Киев. „Тие немаат сила за голема офанзива врз главниот град како на почетокот на инвазијата“, рече Зеленски, кој смета дека Донбас на исток и Харков на североисток се главни цели на Кремљ.

Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека неговата земја има само една четвртина од системите за противвоздушна одбрана што ѝ се потребни, а потребни ѝ се уште 120 до 130 борбени авиони Ф-16 за да ја одземе доминацијата на Русија во воздухот.

Тој рече и дека би сакал Кина некако да учествува на мировната конференција за Украина што Швајцарија ја организира во јуни, без Русија.

„Би сакал да ја видам Кина вклучена на мировниот самит“, рече тој. „Глобалните играчи како Кина имаат влијание врз Русија. И колку повеќе такви земји имаме на наша страна, на страната на завршување на војната, би рекол, толку повеќе Русија ќе мора да смета на тоа“, додаде Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ