сабота, 27 јули 2024

Се судрија три возила кај Кичево, повредени пет лица

Во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево, повредени се пет лица. Се судриле три возила.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

На регионалниот пат Кичево – Осломеј вчера се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобили марка фиат со кичевски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(18), фолксваген пасат, управуван од Д.Д.(33) и ауди, управуван од В.Х.(59), сите од Кичево.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од патничкото возило фиат, а со телесни повреди се здобиле возачот и уште еден малолетен сопатник, возачот на патничкото возило пасат и неговиот сопатник Ќ.Р.(30) од селото Туин, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ