сабота, 27 јули 2024

Индијана по третпат го победи Њујорк и се избори за мајсторка (ВИДЕО)

Индијана со 116-103 го совлада Њујорк и изедначи на 3-3 во полуфиналната серија на истокот, ќе се игра мајсторка за пласман во конференциското финале.

Објавено на

часот

Сподели

Двете екипи продолжија да играат перфектно на домашен терен, а тоа носи седми меч кој ќе се игра во недела во Њујорк.

На синоќешниот дуел гостите парираа само во првата четвртина која ја добија со еден поен разлика, но потоа Индијана се одлепи и го контролираше резултатот до самиот крај за конечна победа од 116-103.

Најдобар во составот на Индијана беше Сиакам со 25 поени, кај Њујорк Брансон реализираше 31 поен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ