сабота, 27 јули 2024
Серија А

Кој од кој поубав – Бираги и Кварацхелија со „голазо“ од слободен удар за поделба на бодовите (ВИДЕО)

Фиорентина и Наполи ги поделија бодовите на отварањето на 37. коло во Серија А, Бираги и Кварацхелија постигнаа атрактивни голови од слободен удар.

Објавено на

часот

Сподели

Фиорентина и Наполи одиграа интересен натпревар на „Артемио Франки“ со четири погодоци и поделба на бодовите.

Гостите поведоа во 8. минута, Рахмани скокна највиско по еден корнер и со глава погоди за 0-1.

„Виолетовите“ изедначија во 40. минута, Бираги постигна „голазо“ од слободен удар, ја префрли топката преку живиот ѕид и со помош на пречката го совлада Мерет за 1-1.

120 секунди подоцна, Нзола искористи една грешка на дефанзивата на Наполи и биеше прецизно по земја за пресврт и 2-1.

Наполи одговори во второто полувреме, Кварацхелија магично погоди од слободен удар, и од преку 25 метри погоди во аголот за 2-2 во 57. минута од мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ