сабота, 27 јули 2024

Тројца шпански туристи се убиени во Авганистан

Тројца шпански туристи и еден Авганистанец се убиени од огнено оружје во петокот во Бамјан, туристички град во централен Авганистан, соопштија шпански и авганистански официјални извори.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е прв напад врз странски туристи во Авганистан откако Талибанците се вратија на власт во август 2021 година.

„Тројца странци и еден Авганистанец се убиени, а четворица странци и тројца Авганистанци се ранети во вооружени напади“, рече портпаролот на Министерството за внатрешни работи Абдул Матин Кание, без да појасни дали едно или повеќе лица стојат зад нападот.

Во Мадрид извор од Министерството за надворешни работи објави дека тројцата убиени странци се Шпанци.

„Тројца Шпанци се убиени, а најмалку еден е ранет во престрелка во Авганистан“, изјави изворот, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додаде дека министерството се обидува да разјасни што се случило, да им помогне на повредените и да контактира со семејствата.

Премиерот Педро Санчез изјави дека е шокиран од убиството на шпанските туристи и додаде дека ја следи ситуацијата.

Во Кабул портпаролот на Министерството за внатрешни работи соопшти дека се уапсени четворица осомничени.

Болнички извори соопштија дека четворицата повредени се државјани на Норвешка, Австралија, Литванија и Шпанија.

Засега не е познато кој бил мотивот за нападот.

Бамјан е главната туристичка дестинација во Авганистан, во која има и дел под заштита на УНЕСКО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ