На прашањето зошто нема да се сретне со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со оглед на неговата изјава дека има очекувања од нејзината посета, а тоа се безусловни преговори од страна на ЕУ, и дали е можно да добиеме безусловни преговори, а процесот на уставни измени да биде решаван во текот на преговорите, Фон дер Лаен повтори дека „уставните измени се неопходен чекор на патот на пристапување кон ЕУ“.
„Уставните измени се неопходен чекор на патот на пристапување кон ЕУ и неверојатно е навистина она што Северна Македонија досега го има постигнато и затоа навистина посакувам Северна Македонија да продолжи да се движи напред со решителност, со страст, со големи успеси на пристапниот пат. Каде и да сум обично се среќавам со шефот на државата и на Владата зависно од уставниот поредок. Ова е случај со моето патување во Западен Балкан, но тоа е случај со сите мои други посети и патувања кога посетувам земји членки постои правило дека се среќавам со шефот на државата или со премиерот на државата“, одговори Фон де Лаен.