среда, 11 декември 2024

Успешна трансплатација на бубрези кај двајца пациенти

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа. Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, соопшти Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

„Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба, овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ. Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување“, изјави проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ