среда, 4 декември 2024

Зеленски: Шолц со разговорот со Путин ја отвори Пандорината кутија

Претседателот на Украина Володимир Зеленски оцени синоќа дека со разговорот на германскиот канцелар Олаф Шолц со претседателот на Русија Владимир Путин е отворена Пандорината кутија, бидејќи со тоа се поткопуваат напорите за изолација на Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега можеби ќе има други разговори, други јавувања. Сето тоа се само многу зборувања. И токму тоа што Путин долго го сакаш: исклучително му е важно да ја ослаби својата изолација“, кажа Зеленски.

Тој претходно побарал од Шолц да не разговара со Путин, оценувајќи дека тоа ќе ја намали изолацијата на рускиот лидер и ќе ја продолжи војната, пишува Ројтерс повикувајќи се на неименуван извор од кабинетот на украинскиот претседател.

„Путин не сака вистински мир, сака пауза“, кажал изворот за Ројтерс.

Шолц вчера телефонски разговарал со Путин за војната во Украина, за прв пат по две години, соопшти германската влада.

Портпаролот на владата Штефен Хебестрајт изјави дека Шолц во разговорот ја осудил „руската агресорска војна“ против Украина и побарал од Путин да ја заврши со повлекување на трупите кои влегоа во таа земја во февруари 2022.

„Канцеларот ја повика Русија да биде спремна да преговара со Украина за постигнување праведен и траен мир и ја истакна непоколебливата решителност на Германија да ја поддржува Украина во нејзината борба против руската агресија колку и да е потребно“, се наведува во соопштението.

Германската новинска агенција ДПА објави дека разговорот на Шолц и Путин траел околу еден час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ