петок, 13 декември 2024

Притвор за малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници

Вчера полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од селото Ласкарци, Скопско кој се сомничи дека на 28 октомври на автобуска постојка кај трговски центар на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил малолетник од Скопје. Истиот и на 13 ноември исто така, на автобуска постојка на подрачјето на Карпош со нож нападнал и повредил друг малолетник од Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Со него бил извршен службен разговор во полициска станица и по консултација со јавен обвинител, поднесена му е кривична пријава по итна постапка по член 386 од Кривичниот законик. Судија на претходна постапка на малолетникот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил пренесен во казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на мерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ