сабота, 27 април 2024

Жена и две деца тешко повредени во три сообраќајки случени на различни локации

Жена и две малолетни деца се тешко повредени во три засебни сообраќајни несреќи кои вчера се случија на различни локации низ државата. Една сообраќајка е во главниот град, а другите две се обиколницата Богданци и на локалниот пат кај струшкото село Радолишта.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во полициската станица Гевгелија било пријавено дека на Регионален пат 1109, обиколница Богданци, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило фолксфаген со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.К.(35) од Гевгелија и патничко возило хјундаи со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А.(33) од Нов Дојран.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото хјундаи, Л.Ј.В.(57) од Гевгелија, констатирани во Медицински центар Гевгелија.

Истиот ден во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.Никола Карев со ул. Прохор Пчински во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило фиат 500 со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.С.(35) од Скопје и патничко возило шевролет спарк со скопски регистарски ознаки, управувано од С.П.(76) од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски.

Третата сообраќајка е пријавена во 13.30 часот во полициската станица Струга. Според пријавата на локален пат во с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед јамаха, управуван од малолетник од с.Велешта, струшко и товарно возило цитроен со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, тетовско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Специјалната болница Св.Еразмо во Охрид.

Во сите три е извршен увид и се утврдуваат причините.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ