недела, 12 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Бектеши: Вреди со нас потпишаа дека нема да влезат во влада без уставни измени

Европскиот фронт предводен од ДУИ има договор со албанската опозиција Вреди дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши. Уставните измени се една од црвените линии на Вреди, рече Башким Бакиу од опозициската коалиција Вреди.

Објавено на

часот

Сподели

Во вечерашното гостување на телевизија Телма, Бектеши рече дека постои документ на кој се потпишани Арбен Таравари од коалицијата Вреди и Али Ахмети од ДУИ, во кој пишува дека политичките партии што се потписници нема да прават коалиција со политичка партија која нема да ги направи уставните измени такви какви што се моментално предложени.

Исто така, додаде Бектеши, во документот стои дека нема да коалицираат со политичка партија која јавно искажува ставови против членување на нашата држава во Европската Унија и е кочничар на интеграцијата на нашата држава.

„Мислам дека другите потписи се од Вреди и од Европскиот фронт, но за господинот Таравари и господинот Ахмети знам, бидејќи знам конкретно и кој го доставил документот, како го доставил, кој му бил ставот и кога е потпишан бидејќи, како близок соработник на господинот Ахмети и сум учествувал на такви средби“, рече Бектеши.

Во дебатната емисија, Башким Бакиу, шеф на Изборниот штаб на Арбен Таравари рече дека коалицијата Вреди има црвени линии.

„Нормално е да постои и да има комуникација со сите политички субјекти кои што функционираат во државата и кои што се конкурентни. Во моментов ние сме фокусирани кон резултатите на 8 мај, ние сме во моментов политичка партија која има доминатно албански гасови. Ќе го видиме резултатот, односно земјотресот на 8 мај, и врз основа на тоа ќе преговараме со било кој што ќе биде мандатар. И врз основа на тоа ние имаме свои граници, односно црвени линии кои што се однесуваат за учество во било која влада. Едната е да се укине формулацијата 20 посто за јазикот и уставните промени кои што во моментов се кочница за интеграција на земјата во ЕУ, рече Бакиу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ