недела, 26 мај 2024

Лејкерс никако да го победи Денвер, 11. пораз по ред (ВИДЕО)

Денвер победи на гостувањето кај Лос Анџелес Лејкерс со 112-105 и поведе со 3-0 во серијата, за нив ова беше 11. триумф по ред над езерџиите.

Објавено на

часот

Сподели

Во Лос Анџелес Лејкерс веќе имаат комплекси од Денвер, последен пат ги совладале дури во 2021 година.

Синоќа Лејкерс добро го започнаа мечот, водеа во текот на целото прво полувреме, имаа предност и од 12 поени разлика, но работите се променија во вториот дел. Денвер го сврте резултатот, направи високо водство и влезе во мирна завршница за на крајот да слави победа од 112-105.

Гордон имаше одличен меч со 29 поени и 15 скокови, Јокиќ беше за асистенција краток за трипл-дабл, Србинот постигна 24 поени, имаше 15 скокови и девет асистенции. Во составот на Лејкерс, Ентони Дејвис имаше 33 поени и 15 скокови, Леброн Џејмс постигна 26 поени.

Со оваа победа Денвер поведе со 3-0 во серијата, следниот меч се игра исто така во Лос Анџелес.

Резултати:
Орландо – Кливленд 121-83 (1-2)
Филаделфија – Њујорк 125-114 (1-2)
ЛА Лејкерс – Денвер 105-112 (3-0)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ