недела, 30 јуни 2024

Трапановски потпиша за Данди, нов Македонец во Шкотска

Се зголемува македонската колонија во шкотското првенство, по Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во оваа земја, Кристијан Трапановски стави потпис на договор со Данди јунајтед.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа што беше најавувано подолго време, сега и официјално се оствари, Трапановски се пресели во Шкотска.

„Данди јунајтед со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Кристијан Трапановски на двегодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци“, стои во соопштението на шкотскиот клуб.

24-годишниот фудбалер во Данди оди од Шкупи каде играше во изминатите четири години.

„Среќен сум, ова е огромна шанса за мене. Денеска тренирав со првиот тим и моите соиграчи и стручниот штаб беа фантастични со мене“, вели Трапановски.

„Фудбалот се игра за фановите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу добри работи за навивачите на Данди и не можам да дочекам за првото Данди дерби“.

За фудбалерот кој потекнува од школата на Академија Пандев, ова нема да биде прво интернационално искуство, тој беше член на Славија Прага од 2017 до 2020, а од таму беше позајмуван на Татран Прешов, Викторија Жижков и Подбрезова.

Трапановски го даде и првото интервју за новиот клуб.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ