Борел во Дубровник кажа дека денес постои криза на мултилатерализмот, па низа држави се вртат кон мултиполарноста бидејќи тоа им е покорисно. Тој додаде дека мултилатерализмот го замениле трансакциски односи.
„Повеќе играчи, помалку правила. Исто така, има многу повеќе немири“, истакна Борел.
Тој истовремено ги објасни двете главни причини на огорченоста на глобалниот југ кон развиениот запад.
Борел наведе дека првата причина е вакцинацијата за време на пандемијата на ковид, кога земјите од Западот први добија вакцини, а вториот проблем е фактот што послабо развиените земји многу повеќе страдаат од климатските промени предизвикани од индустриски најразвиените земји во светот.