вторник, 16 јули 2024

Ферстапен повторно го издржа налетот на Норис за победа на спринт трката во Австрија (ВИДЕО)

Макс Ферстапен славеше на спринт трката на ГН на Австрија, возачот на Ред Бул одново одолеа на нападите на Ландо Норис и прв ја мина целта.

Објавено на

часот

Сподели

Во послендо време, главната битка во Формула 1 се води помеѓу Макс Ферстапен и Ландо Норис, а така беше и на денешната спринт трка на ГН на Австрија.

Холанѓанецот поведе од пол позиција, но во првите кругови постојано гледаше во ретровизорите и пратеше каде си ривалите.

Највозбудливиот момент се случи петтиот круг, кога Ландо Норис доцна кочеше во свиокот број 3 и за момент изби на чело, но веќе во свиокот број 4, Макс Ферстапен одговори со иста мера и со доцно кочење се врати на првото место.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Битката ја искористи Оскар Пиастри, кој успеа да се пробие на второто место, пред својот тимски колега.

По ова возбудување, битката за врвот беше прилично здодевна, Оскар Пиастри не успеа посериозно да го загрози Макс Ферстапен, а во финишот од трката повеќе мораше да мисли како да се одбрани од Ландо Норис, наместо да атакува напред.

Во бодови денеска уште завршија Џорџ Расел, Карлос Саинц, Луис Хамилтон, Шарл Леклер и Серхио Перез.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ