„Нашата единствена цел е да ставиме точка на војната (во Газа) и да придонесеме на примена на решението за две држави, бидејќи тоа, според мислењето на владата на премиерот Педро Санчез, ќе биде единствената гаранција дека Палестинците и Израелците можат да живеат заедно во мир и безбедност“, кажа министерот за надворешни работи Хозе Мануел Албарес.
Шпанија на почетокот на јуни најави дека ќе се придружи на тужбата на Јужноафриканската Република.
Таа е втора европска држава по Ирска, која се придружи на тужбата, а тоа го направија и Чиле и Мексико.
Јужна Африка минатиот декември поднесе тужба против Израел поради војната во Газа, истакнувајќи дека Израел ги прекршил своите обврски од Конвенцијата за геноцид. Судот во мај му нареди на Израел да спречи акти на геноцид над Палестинците и да направи повеќе за да ги заштити цивилите.
Како одговор на итното барање на Јужна Африка, судот му нареди на Израел „веднаш да ја сопре својата воена офанзива и секоја друга акција во провинцијата Рафа“.