вторник, 23 јули 2024

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај намалена на месечна основа, а зголемена на годишно ниво

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај изнесува 5,49 проценти и на месечна основа е намалена за 0,02 процентни поени, а на годишно ниво бележи раст од 0,40 процентни поени, објави Народна банка.

Објавено на

часот

Сподели

Кај вкупните депозити, просечната каматна стапка изнесува 1,86 проценти и бележи месечно и годишно зголемување од 0,04  и 0,64 процентни поени.

Кај новоодобрените кредити, просечната каматна стапка изнесува 5,19 проценти и месечен и годишен пад од 0,28 и 0,13 процентни поени, а кај депозитите изнесува 2,36 проценти и на месечно ниво е намалена за 0,18 процентни поени во услови на годишен раст од 0,43 процентни поени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ