вторник, 21 април 2026

Вакцинираните треба да добијат поголеми права

Објавено на

часот

Сподели

„Не може целосно имунизираните луѓе што сега се враќаат од регион каде што се шири новиот сој, да мора да бидат во карантин две недели“, рече тој за „Зидојче цајтунг“.

Тој рече дека мора да биде од јавен интерес давањето стимулации за вакцинација, а тоа ќе бидат поголеми права во однос на патувањето.

Новиот делта-сој веќе стана доминантен во Германија.

Уделот на делта-сојот првпат ја презеде доминацијата со 59%, објави Институтот „Роберт Кох“.

Институтот посочи дека две третини од позитивните ПЦР-тестови веќе утврдиле дека станува збор за инфекција со делта, додека само една третина има инфекција со „стариот“ алфа-сој.

Уделот на алфа-сојот падна многу брзо од 91 процент на крајот на мај на 33 проценти на крајот на јуни.

Другите соеви во Германија во моментов немаат никаква улога.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ