вторник, 21 април 2026

Талибанците зазедоа граничен премин меѓу Авганистан и Иран

Објавено на

часот

Сподели

Заземањето на граничниот премин е еден во низата воени успеси на талибанците што ги интензивираа активностите додека привршува заминувањето на американските и НАТО-трупите од Авганистан.

Граничниот премин Ислам Кала во провинцијата Херат е третиот окупиран од талибанците во последните седум дена. Претходно американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека американската воена мисија во Авганистан ќе заврши на 31 август.

Поради успехот на талибанците, некои земји ги затворија конзулатите во регионот, додека Таџикистан мобилизира резервисти за зајакнување на одбраната на границата со Авганистан.

Авганистанските војници во областа на преминот Ислам Кала, главна транзитна рута меѓу Авганистан и Иран, избегаа од своите позиции во таа соседна земја, пренесоа иранските медиуми.

Во претходните месеци, откако по 20 години почна повлекувањето на американските и на НАТО-трупите од Авганистан, талибанците освоија значителни делови од територијата и сега контролираат третина од 421 округ во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ