вторник, 21 април 2026

Руски авиони прекинаа прес-конференција на НАТО во Литванија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Шпанската влада објави дека неидентификуван авион предизвикал тревога и накратко ги прекинал изјавите на литванскиот претседател Гитанас Науседа и шпанскиот премиер Педро Санчез, пренесува агенцијата АП.

Шпанските медиуми објавија дека авионот бил руски, но владиното соопштение не го прецизира тоа.

Неименуван претставник на НАТО за АП изјави дека шпанските авиони полетале „со цел да ги идентификуваат двата авиони што влегле во областа на Балтичко Море“.

Според него, тие авиони биле два руски борбени авиони Су-24, кои се движеле североисточно.

„Тие два руски авиони не доставија план за летот, немаа вклучен транспондер на летот, ниту разговараа со контролорите на авиосообраќајот“, рече официјалното лице.

Науседа и Санчез зборуваа на конференцијата додека два авиони на шпанското воено воздухопловство „јурофајтер тајфун“ се наоѓаа зад нив во базата во литванскиот град Сиаулаи, кога безбедносните служби ненадејно ги прекинаа лидерите додека екипажите потрчаа во борбените авиони, покажаа снимките во живо од конференцијата за медиумите.

„Нашата прес-конференција беше прекината со вистински повик. Гледате, сè функционира одлично. Можам да потврдам дека борбените авиони полетаа за помалку од 15 минути по добивањето на алармот“, рече Науседа по инцидентот.

„Благодарение на Педро (Санчез), навистина видовме како работи нашата мисија за воздушен надзор“, додаде литванскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ