вторник, 21 април 2026

Полицијата на Хаити уби четворица осомничени за атентатот на претседателот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Им го блокиравме патот откако го напуштија местото на злосторството. Оттогаш се бориме со нив. Сите ќе бидат уапсени или убиени“, рече Чарлс, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека полицијата трага по уште некои од осомничените.

Ројтерс вели дека властите не именувале ниту еден од осомничените и дека не презентирале докази што ги поврзуваат нив со атентатот.

Наводно, некои од нив зборувале шпански. Тројцата полицајци што осомничените ги држеа како заложници се ослободени.

Милиони Хаиќани вознемирено ги следат вестите и се обидуваат што е можно помалку да излегуваат на улица. Тие се загрижени за тоа како ќе се одрази безбедносната состојба во земјата во наредните денови.

Привремениот премиер Клод Жозеф прогласи вонредна состојба, но посочи дека „сè е под контрола“.

„Овој варварски чин нема да остане неказнет“, рече Чарлс.

Сопругата на убиениот претседател, 53-годишната Мартина Моиз, која беше ранета во нападот, е пренесена на лекување во Флорида и се наоѓа во стабилна состојба.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=I2ndgYQ8RPs autoplay:0]

Сите 15 членки на Советот за безбедност на ООН го осудија атентатот врз Моиз, сметајќи го за „грозоморно злосторство“ и побараа сите „одговорни веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата“.

Со едногласно усвоена резолуција, Советот за безбедност на ООН ги повика сите страни да се воздржат и да избегнуваат активности што ќе придонесат за зголемување на нестабилноста во земјата.

Во резолуцијата се изразува „непоколеблива поддршка на дијалогот“.

По иницијатива на Соединетите Држави и Мексико, Советот за безбедност на ООН денеска ќе одржи итен состанок зад затворени врати.

Моиз беше убиен во средата во оружен напад врз неговата приватна резиденција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ