вторник, 21 април 2026

Невакцинираните туристи не можат да влезат во Канада

Објавено на

часот

Сподели

На туристите што не биле вакцинирани против ковид-19 нема да им биде дозволено да влезат во Канада некое време, бидејќи владата не сака да го загрози напредокот постигнат во борбата против коронавирусот, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

„Веднаш можам да ви кажам дека тоа нема да се случи уште некое време“, рече Трудо на новинарско прашање кога Канада ќе дозволи влез на невакцинирани туристи во земјата, објави Ројтерс.

Трудо додаде дека во следните недели ќе може да каже нешто повеќе за тоа кога канадските граници ќе може да се отворат повторно за целосно вакцинираните туристи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ