„На 8 јули 2021 година два авиони Су-24 на поморската авијација на Балтичката флота го изведоа планираниот лет за обука во воздушниот простор над неутралните води на Балтичко Море“, објави Министерството, како што пренесува руската агенција ТАСС.
Леталата го извеле својот лет „строго почитувајќи ги меѓународните правила за употреба на воздушниот простор, без нарушување на границите на другите земји“, нагласи руското министерство.
Портпаролот на литванската армија, капетанот Андриус Дилда, за ТАСС претходно денес изјави дека шпанскиот премиер Педро Санчез и литванскиот претседател Гитанас Науседа морале да ја прекинат прес-конференцијата во воздушната база на НАТО во Литванија, поради звукот на сирената за воздушен напад.
Како што рече, контролните станици на воздушниот простор регистрирале два авиони, со исклучени транспондери, во меѓународниот воздушен простор над Балтичко Море во близина на границата со Литванија.
Тој додаде дека руските авиони немале радиокомуникација со копнениот центар за контрола на летовите, поради што ловците на НАТО полетале за да ги идентификуваат целите.






