недела, 19 април 2026

Кинеските астронаути за првпат излегоа на прошетка од новата вселенска станица (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Астронаутите Лиу Боминг и Танг Хонгбо беа прикажани како ја напуштаат станицата во своите вселенски одела за повеќечасовна мисија во која ќе инсталираат опрема на надворешниот дел на станицата и ќе спроведат тестирања.

Ова е втора кинеска вселенска прошетка по кинескиот астронаут кој во 2008 година излезе од вселенското летало Шенжу 7. Но, таа мисија траеше само околу 20 минути.

Кинеските инженери развиле ново вселенско одело кое тежи 100 килограми, би требало да биде поудобно и да овозможи подолги мисии во вселената.

[video:https://youtu.be/QhTW8jRfKr8 autoplay:0]

Тројцата астронаути, предводени од командантот Ни Хаишенг, стигнаа до кинеската вселенска станица пред две недели во првата кинеска мисија со човечки екипаж во последните пет години.

Таму треба да минат три месеци, а се очекува да работата на станицата, да тестираат клучни функции и да спроведуваат научни експерименти.

Вселенската станица треба да биде завршена до 2022 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ