вторник, 21 април 2026

„Го одржавме зборот“: ЕУ ја постигна целта да распредели доволно дози за да вакцинира 70% од возрасните

Објавено на

часот

Сподели

„Денес имам добри вести за нашите европски граѓани. ЕУ го одржа својот збор“, изјави фон дер Лајен, откривајќи дека ЕУ сега „им достави доволно вакцини на земјите-членки за да можат целосно да вакцинираат најмалку 70% од возрасните во ЕУ уште овој месец“.

„До утре околу 500 милиони дози вакцини ќе бидат распределени низ регионите на Европската Унија“, рече таа и додаде дека „ЕУ остварува“ и дека нејзината „кампања за вакцинација е забрзана од почетокот на годинава“.

Вон дер Лајен рече и дека нивниот „заеднички пристап е успешен“, „само заедно ќе излеземе од оваа криза“ и „ковид-19 сè уште не е поразен“, па вети дека ќе достават уште повеќе вакцини, „вклучително и против новите соеви“ доколку е потребно.

„Сега земјите-членки мора да сторат сè за да ги зголемат вакцинациите. Дури тогаш ќе бидеме безбедни“, заклучи таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ