вторник, 21 април 2026

Европската Унија ѝ предлага на Русија признавање на ковид-сертификатите

Објавено на

часот

Сподели

Евроамбасадорот Маркус Едерер денес изјави дека ЕУ има во употреба дигитални ковид-сертификати што им овозможуваат на нејзините граѓани слободно да патуваат во рамките на Унијата, но и закон што предвидува можност за признавање на други слични сертификати.

„Во таа смисла, му се обративме на руското Министерство за здравство и предложивме да разговараме дали Русија би била заинтересирана за таков процес“, изјави Едерер за ТАСС.

Русија применува четири домашни вакцини против ковид-19, од кои регулаторот на Европската Унија нема одобрено ниту една, а Москва исто така досега нема воведено никаква странска вакцина, пренесува Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ