вторник, 21 април 2026

Црна Гора ги отвори границите, премиерот пречекуваше туристи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Кривокапиќ кажа дека туристите биле задоволни, но и малку изненадени, бидејќи не очекувале да ги пречека премиерот. Тој кажа дека на тој граничен премин најдолгото чекање е 20 минути и дека се почитуваат сите процедури.

„Создаваме една добра пракса, каде сакаме со директен увид во состојбата да дојдеме до сознанија како сè функционира, дали има чекање, бидејќи во овие жешки денови најмногу нè нервира чекањето“, кажа Кривокапиќ. Тој кажа дека во јуни тој граничен премин регистрирал за четврт повеќе преминувања на моторни возила отколку во 2019 година, кога Црна Гора го урна рекордот по бројот на туристички посети и приходот од туризмот.

„Тоа се импозантни резултати и даваат надеж дека она што е проектирано со буџетот ќе биде надминато. Јуни тоа го покажа, а јули и август ќе го потврдат, бидејќи ситуацијата во Црна Гора што се однесува до коронавирусот е стабилна“, кажа Кривокапиќ, истакнувајќи дека неговата земја со три заразени на 100 илјади жители е во зелената зона.

Црна Гора минатата година поради пандемијата имаше катастрофална туристичка сезона, во која оствари само осум отсто од приходите во 2019 година, кога од туризмот заработи милијарда евра. Со буџетот за 2021 црногорската влада предвиде дека од туризмот годинава ќе заработи околу 700 милиони евра.

[video:https://youtu.be/7I8zt9EaP_I autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ