Таа изјава доведе до низа критики од парламентот и од изборната комисија.
„Јас не се плашам од изборите. Ќе му ја предадам палката (претседателска) на секој што ќе победи на кредибилно и убедливо гласање“, им рече Болсонаро на своите поддржувачи во Бразил.
Тој врши притисок врз парламентот да овозможи гласање на гласачкото ливче покрај електронското гласање, кое постои од 1996 година.
„Со сегашниот изборен систем, ризикуваме да немаме избори следната година. Вашата иднина е во прашање“, рече бразилскиот претседател.
Тој, патем, го нарече претседателот на државната изборна комисија, Луис Роберт Баросо, „имбецил“ затоа што одби да го прифати неговото барање. Болсонаро во четвртокот рече дека „во Бразил или ќе има вистински избори или нема да има избори“.
Баросо, кој е судија и на Врховниот суд, ги оцени изјавите на шефот на државата како „тажни“ и изјави дека спречувањето на изборите во закажаното време ќе претставува кршење на „уставните принципи“.
Претседателот на парламентот Родриго Пачеко рече дека „сите оние што ќе се обидат да го соборат демократското владеење на правото во Бразил, ќе бидат етикетирани од народот и историјата како непријатели на нацијата“. Болсонаро е бивш офицер и повеќе пати јавно изразуваше восхит кон воената хунта што владееше во Бразил од 1964 до 1985 година.






